Магазинот Business Insider направи посебна анализа во која се обиде да ги избере најдобрите смарфони на светкиот пазар. Аналитичарите кои земаа учество во креирањето на ранглистата, а како најдобар паметен телефон во светот го одбраа – OnePlus 6T.

За овој модел велат дека ги има сите современи карактеристики, вклучувајќи безжично полнење, добра камера и отпорност на вода, а неговата цена е многу помала од повеќето гаџети со такви опции.

На второто место е неодамна претставениот Samsung Galaxy S10e. Тој е опремен со одличен екран, сензор за отпечатоци и е поевтин од предводникот Galaxy S10. “Бронзениот медал” во изборт му припадна на iPhone XR од американската компанија Apple. Според авторите на анализата, овој паметен телефон речиси и да не се разликува од iPhone XS, со исклучок на LCD дисплејот со помала резолуција.

Во ТОП 5 најдобри смартфони на светскиот пазар се најдоа и Samsung Galaxy S10 Plus и Samsung Galaxy S10, кои се разликуваат само по големината.