Истражувачите од Универзитетот Рутгерс во Њу Бранзвик нудат нов метод за идентификување на луѓето и тоа со помош на микро-вибрирање на прстите. Научниците тврдат дека секоја личност има уникатни микровибрации, а со тоа може да се добие и индивидуален потпис, што е многу тешко да се имитира.

Системот наречен VibWrite, функционира едноставно. На тврда површина (дрво, метал, пластика или стакло) се монтира посебен уред за исчитување на вибрациите и сензор. па кога човек ќе допре со прстите на површината, вибрациите од моторот произведуваат шум кој се чита како единствен потпис.

Според анализите на научниците, микровибрациите се уникатни за секој прст, а краткотрајноста обезбедува зголемена сигурност во споредба со воведувањето на код, графички клучеви и традиционалните биометриски техники за идентификација. Уште една предност на технологијата пред скенерите за отпечаток или ретина е пристапноста на системот VibWrite – таа е околу десетпати поевтина за производство и употреба.

Тестовите во затворен простор покажуваат дека точноста на новата технологија е 95%. Претстојат и тестови на отворено. Според истражувачите, ќе треба да поминат уште една или две години пред системот да стане комерцијално одржлив.