Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ја укине лотаријата на која странци можат да добијат зелена карта за престој во САД. „Денес почнувам со процесот на укинување на програмата за лотарија. Ќе барам од Конгресот да работи на тоа да се укине. Таа програа изгледаше добра, но всушност не е добра и не била добра“ изјави Трамп.
Претседателот истакна дека сакаат програма која се базира на бракови, па луѓето кои се во брак да можат да дојдат во САД. Оваа најава следуваше откако беше утврдено дека човекот кој го изврши нападот во Менхетен добил зелена карта преку лотаријата. Дваесетгодишниот Сајфуло Сајров пред неколку дена влета со камион на велосипедска патека во Њујорк и уби осуммина, а повреди 11 лица. Тој се доселил од Узбекистан кога добил зелена карта во 2010 година.
Извор: Bizlife.rs