Откако упаднал во куќата во американскиот град Пало Алто, младиот провалник ги разбудил станарите и од нив ја побарал лозинката за бежичниот интернет.

Еден 17-годишен провалник од Пало Алто во САД, го привлече вниманието на американската јавност, откако провалил во една куќа, но наместо да украде нешто, тој ги разбудил станарите и ги прашал која е лозинката на нивниот бежичен интернет.

Тој останал без интернет сообраќај, па наместо културно да праша, тој најпрвин провалил во куќата, па ги пробудил мажот и жената за да праша за лозинката.

Мажот кој што бил на околу 60-годишна возраст, бил шокиран кога го забележал непознатиот тинејџер во неговата соба, а откако му била побарана лозинката, тој се запрепастил, па го удрил тинејџерот и повикал полиција.

Тинејџерот набрзо бил уапсен, а според полициската истрага, претходната вечер еден од соседите го забележал околу неговата куќа – тој и од него ја побарал лозинката за бежичниот интернет, а откако не ја добил, подоцна од дворот украл велосипед.

Поради сето тоа, сега му се заканува казна за провалување, кражба на велосипед и лажно претставување, затоа што додека полицајците го апселе, тој не сакал да го открие својот вистински идентитет.

Извор: Zimo.hr