Секојдневно луѓето пишуваат хорор приказни, но сега постои хорор приказна која што се издвојува од сите – затоа што не е напишана од човек.
„Се сеќавам на неговото лице и ужасниот поглед исполнт со агонија и злоба. Бев заробен. Заробен во овој болнички кревет. Неговата глава, одвоена од телото, лебдеше над мене, на неколку сантиметри од моето лице, додека моите раце се бореа со ремените на креветот. Во собата е мртва тишина“.
Ако мислевте дека ова е извадок од некоја нова книга на Стивен Кинг, тогаш се лажете. Станува збор за хорор приказна направена од вештачка интелигенција.
Научниците од „МИТ“ (Massachusetts Institute of Technology) претставија вештачка интелигенција која што со помош на алгоритам за „длабоко учење“, пишува сопствени хорор приказни.
Станува збор за “Shelley AI”, а името го добила по легендарната писателка Мери Шели која што стои зад легендарниот Франкенштајн. Вештачката интелигенција “Shelley AI” работи на алгоритам за „длабоко учење“ кој се „вежба“ во пишување на текстови со „читање“ на страница на Reddit каде што корисниците објавуваат сопствени морничави дела или стравови кои што ги претрпеле во животот.
“Shelley AI” може без проблем самостојно да напише своја хорор приказна и истата да ја заврши, но сепак нејзините најдобри дела се направени во соработка со луѓе кои што се вклучуваат во креативниот процес на пишување, додаваат по некоја реченица и така создаваат страшни приказни.
Ова е втор “AI” софтвер на научниците од Универзитетот „МИТ“ кој што беше специјално објавен за „Ноќта на вештерките“.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли