Аналитичарската компанија Canalys објави извештај за глобалниот пазар на паметни телефони, од кој се гледа дека Индија ги престигна САД по бројот на продадени паметни телефони и се наоѓа веднаш зад Кина на второто место.
Бројот на испорачани телефони на индискиот пазар во изминатиот квартал се зголеми за 23% и достигна околу 40 милиони испорачани единици. Ако се прашувате кои брендови се најпродавани во Индија, тоа се Samsung со 9,4 милиони телефони и Xiaomi со 9,2 милиони, што е речиси 50% од вкупниот број на испорачани паметни телефони во земјата. Во Индија на пазарот се наоѓаат повеќе од 100 брендови на паметни телефони.
Првите топ 5 компании со најмногу продадени телефони во Индија се Samsung, Xiaomi, Vivo, Oppo и Lenovo, а аналитичарите предвидуваат дека Xiaomi наскоро ќе го престигне Samsung затоа што бележи најголем и најбрз раст во земјата.
Извор: Vidi.hr