Ова е уште еден доказ дека треба добро да се размисли што и кога се објавува на социјалните мрежи.

Apple отпушти еден од своите инжинери бидејќи неговата ќерка снимила видео од сѐ уште неизлезениот iPhone X. Видеото потоа станало вирално и било забележано од одговорните лица во Apple.

Амелија Питерсон објавила влог на нејзиниот личен YouTube канал, иако таа немала многу следачи и видеата на каналот ги објавувала за себеси. Во видеото е покажан новиот, сѐ уште неизлезен iPhone X, а за тоа беше обвинет нејзиниот татко, кого компанијата го обвини за прекршување на правилата на „Apple“.

На телефонот во видеото била прикажана апликацијата Notes, на која биле напишани имиња на досега необјавени производи од „Apple“.

Самата компанија побара од Амелија да го избрише видеото, но додека да се случи тоа, веќе било доцна и видеото станало вирално.

„Apple“ преземале мерки и го отпуштиле нејзиниот татко, а таа потоа направи ново видео во кое се извинува за инцидентот. Амелија вели дека татко ѝ ќе биде добро, и дека многу жали за несреќните околности во кои го ставила семејството.

https://www.youtube.com/watch?v=XQzGKwjr_js