Многу податоци за нас, како нашите интереси, фотографии или места на кои ќе одиме можат да се видат на Facebook, а Stalkscan е алатка што оваа работа ја претвора во вистинска игра.

За приватноста на Facebook многу се дискутира[e во минатото, но дури сега се појави алатката Stalkscan што на корисниците им овозможува да видат колку нивните профили се ранливи. Оваа програма користи „Graph Search“ и преку него ги открива сите информации од друг профил што личноста не ги сокрила доволно добро.

Апликацијата ја создаde етичкиот хакер Инти Де Кеукелер, а ако знаете правилно да ја користите, можете да дoјдете до многу податоци кои инаку би останале сокриени од вас.  Сè што треба да направите е да кликнете на апликацијата, во просторот да ја напишете Facebook адресата на некој корисник на оваа социјална мрежа и пред вас ќе излезат доста податоци.

Оваа апликација можете да ја пронајдете ТУКА.