Huawei P Smart Pro телефонот само што е претставен и веќе е достапен на неколку европски пазари. Во прашање е смартфон, кој по достапна цена имплементира 48MP главна камера (чини околу 350 евра). На задната страна, покрај главниот сензор, се наоѓа и 8MP ултраширок сензор, како и 2MP сензор на длабочина.

Уште еден значаен камера сензор е и предната/селфи 16MP pop-up камера. Тоа значи дека 6,59-инчниот дисплеј, со заоблени рабови е недопрен и непрекинат со непотребни засеци и отвори. Екранот е LCD со 1080p+ резолуција и 19.5:9 однос на страници.

Сензорот за отпечатоци од прсти е сместен од страната на телефонот, а присутни се и 3,5 мм приклучок за слушалки и USB-C порт. Сето ова го напојува батерија со капацитет од 4000mAh, со поддршка и за 10W полнење.

Huawei P Smart Pro е достапен во Midnight Black и Breathing Crystal, а стаклената задна страна нуди 21 слој со нано-текстури, кои креираат складен градиент на бои.