Кражбата на идентитетот одамна е позната, но во последно време сѐ почеста појава, која ги следи и финансиските малверзации, предупредува Phone Arena. Сајтовите на кои се „подаруваат“ телефони, повратни карти, скапа и луксузна гардероба, скоро сѐ, се користат за да се дојде до личните податоци на лековерните корисници, да им се украде идентитетот и подоцна да се користи за малверзации, вклучувајќи и кражба на пари преку интернет.

Добитиниците се известуваат со порака на Messenger, а потоа од нив се бараат личните податоци. Наградата, секако никогаш не доаѓа до добитникот, а неговите податоци се злоупотрбуваат за некои криминални дејствија.

Како да знаете кои страници се лажни?

Сите страници кои ви подаруваат вредни награди, да речеме 100 телефони, 10 телефони, повратни карти, компјутери, скапа гардероба се веројатно лажни. Не мора да е нужно така, но главно е така. Сите тие страници бараат да ги лајкнете, да ги споделите на својот ѕид, да тагнете неколку пријатели и потоа во коментар да напишете уште нешто.

Вистинските страни градат имиџ на поинаков начин и никогаш не се служат со вакви инстант трикови.

Совет за сите е доколку не сте 100 отсто сигурни дека зад страницата се наоѓа регуларен и реален бренд, не споделувајте никакви податоци со нив.

Извор: Mondo.rs