За да биде развиен здравиот разум кај вештачката интелигенција, ќе бидат потребни години на истражувања проследени со бројни тестови и грешки.

Технологијата со огромна брзина напредува, а тоа најмногу важи и за вештачката интелигенција. Сепак, вештачката интелигенција може да даде одговор на конкретни прашања, но доколку ѝ поставите прашање како на пример „Ако ја ставам мојата торба на полицата, дали таа и утре ќе биде тука?“, се појавуваат проблемите.

Тоа значи дека вештачката интелигенција засега има голем проблем со одговарањата на прашањата за кои што е потребно тоа што го има човекот, а тоа е здравиот разум.

Токму поради тоа, ко-основачот на Мајкрософт, Пол Ален ќе вложи 125 милиони евра во проектот “Alexandria” – истражување кое што ќе има за цел да развие здрав разум и кај вештачката интелигенција.

„Тоа е исклучително комплициран предизвик. Ако сакаме вештачката интелигенција да им се приближи на човечките можности и има значајно влијание на истражувањето, медицината или економијата, ние мора да ја подобриме нејзината способност за здраворазумско расудување“, изјави Пол Ален.

Првиот чекор ќе биде развој на стандардизирани мерки со кои што потоа ќе можат да се мерат способностите за расудување кај вештачката интелигенција. Потоа ќе бидат потребни да се развијат и нови методи со чија што помош вештачката интелигенција ќе го развива здравиот разум, односно таквото знаење ќе го добива од луѓето. И на крајот, да се развие и да се примени здравиот разум кај вештачката интелигенција.

„Додека не го развиеме здравиот разум, ние и натаму ќе бидеме осудени на вештачка интелигенција која што не е ниту блиску до начинот на човечкото размислување“, изјави Гери Маркус, основач на Geometric Intelligence.

Извор: Точка