Facebook има голем проблем со лажните вести. Најновите трендовски вести промовираше дезинформации за пукањето во Лас Вегас.

За да се справи со ширењето на лажни вести, оваа социјална мрежа тестира нова опција што на корисниците им овозможува да направат разлика помеѓу една статија од доверлив издавач и издавач што е сомнителен, со притискање на копчето „more information“ (повеќе информации).

Новото копче додава релевантни информации за било која статија споделена на вашиот „news feed“, како што е информација за издавачот (како Википедија страница), дополнителни статии за темата, и како статијата е споделена на Facebook. Ако некоја статија нема информации како на пример страница на Википедија или нема други линкови слични на таа информација, Facebook ќе ги предупреди корисниците за информациите што недостасуваат. Новото копче е тука за да им помогне на корисниците да донесат информирани одлуки за тоа кои статии да ги читаат, споделуваат и да им веруваат. Присуството на лажните вести споделени од самиот Facebook е растечки проблеми откако компанијата го распушти својот човечки тим за тренд новости.

Сепак, претходните напори на Facebook за идентификување на лажните вести за корисниците во форма на „Disputed“ таг за одредена статија, не донесе голема промена во навиките на помладите корисници.