Околу 10 милиони луѓе пред и по претседателските избори во САД во 2016 година ги прегледале огласите на социјалните мрежи и компании кои се поврзани со една руска интернет агенција, објави денеска Facebook.
Компанијата претходно објави дека му предала на американскиот конгрес околу 3.000 реклами кои се доведуваат во врска со Русија, а кои се фокусираат на различните социјални и политички пораки, вклучително и LGBT прашања, миграција и право на оружје.