НАСА во тајност рагледувала план за праќање мисија на Марс што ќе се состои исклучиво од женски екипаж, стои во извештајот на тема „сексуална динамика“ меѓу астронаутите.

Овој таен извештај покажа дека американската вселенска агенција размислувала за воведување на строга полова поделба меѓу учесниците на долги мисии, тврди атронаутката Хелен Шерман, првата Британка која летала во вселената.

Таа тврди дека извештајот бил напишан за да се обработи темата на „нечисти мисли“ што би можеле да предизвикаат проблеми во екипажите со мешан состав.

Колку е стар документот може да се објасни со фактот дека воопшто не било земено предвид дека може да се случи истополова привлечност.

„Пред неколку години слушнав за тој извештај. НАСА никогаш не го објави, но бил напишан конкретно со цел да се види каков состав би бил потребен, имајќи ги предвид погоре спомнатите причини“, вели Шерман.

„Екипажите, според извештајот, би требало да бидат истополови, составени само од мажи или само од жени“, вели таа.

Меѓутоа, во извештајот им се дава предност на женските екипажи и во заклучокот тоа се објаснува со „фактот дека жените се посупериорни кога станува збор за соработка меѓу членовите на екипажот“.

Дополнителна корист од женските екипажи би било тоа што на жените дневно им требаат помалку калории, што е многу важно за вакви мисии на кои се брои секој грам товар, вклучувајќи ја храната.

Извор: Кајгана