Кинескиот ровер Zhurong пронајде траги од вода на Марс.

Хидрираните минерали откриени од кинескиот роботски ровер Zhurong на Марс се пронајдени во огромен базен за кој се верува дека е место на праисториски океан. Тие укажуваат дека водата е присутна на површината подолго отколку што се веруваше.

Според анализата на податоците испратени од роверот до Земјата, во примероци од минерали стари 700 милиони години биле откриени траги од вода.

Се верува дека Марс бил влажен до пред околу 3 милијарди години, кога завршила втората геолошка ера на планетата наречена Хесперска епоха. Во тековниот период на Амазон нема површински води.

Почвата што содржи минерали, земена од Zhurong, имала тврда кора што може да се формира со зголемување на подземните води или со топење на мразот што испарил.

Кинески ровер истражува огромна рамнина наречена Utopia Planitia, на која слета во мај минатата година. Досега тој патувал околу два километри од местото на слетување собирајќи податоци за теренот.

Во последниве години, податоците собрани од сонда под контрола на Европската вселенска агенција открија вода под мраз на јужниот пол на Црвената планета.

Речиси целата вода на Марс е „заробена“ под неговите поларни ледени капи со многу мали траги во тенката атмосфера на планетата. Лоцирањето на подземните води е клучно за одредување на потенцијалот за живот на планетата, како и обезбедување траен ресурс за секое човечко истражување.