Google е подготвен да го врати Chromebook Pixel, но под ново име, па компанијата наскоро ќе го претстави Google Pixelbook, лаптоп со флип функција што ќе може да се користи и како таблет и ќе поддржува користење на електронско пенкало.

Pixelbook ќе биде достапен само во сребрена боја, а ќе бидат понудени три модели во зависност од меморијата: 128, 256 и 512 GB, а ќе чинат 1.199, 1.399 и 1.749 долари.

И покрај високата цена на уредите, оние кои ќе го куат Pixelbook нема да го добијат електронското пенкало Pixelbook Pen што чини дополнителни 99 долари.

Судејќи по  фотографиите што се појавија на интернет, Pixelbook е лаптоп со модерен дизајн и голема тастатура, широк тачпед и делот за потпирање на дланките е покриен со стакло.

Новиот лаптоп на Google ќе биде претставен на 4 октомври, а истиот ден промоција ќе имаат и новите Pixel смартфони.