BMW го навести својот следен чекор, откако во мрежата објави фотографија од интересна силуета. Се работи за новиот M8 Grand Coupe Concept. Овој модел ќе биде претставен на Саемот во Женева за неколку дена.

Од сликата не се гледа многу, освен дека дизајнот ќе биде близок до купето. Поинтересно е дека M8 Grand Coupe ќе има четири врати. Иако е концепт во моментов, издолженото купе сигурно ќе влезе во сериско производство и ќе заземе место до останатите претставници на ревитализираната Серија 8.

Првите фотографии на маскирното возило од Серија 8 се појавија пред малку повеќе од еден месец, кога од BMW почнаа тестови врз возилото. Тоа, сепак, беше купе со две врати, за разлика од новото Grand Coupe, што ќе има четири. До нив, во гамата на автомобили во осмата серија, ќе има кабриолет.

Очекуваме M8 Grand Coupe да има многу сличности со новиот M5 во однос на моторот и погонот. Сепак, повеќето детали за автомобилот се чуваат во тајност. Очекуваме појасни информации на саемот во Женева.