Vrå Public School во Данска, нуди нови перспективи за тоа како да се стимулираат децата да учат и како кај нив да се разбуди желбата за учење. Ова училиште го проектирале компаниите AART Architects, JAJA Architects и Søren Jensen Consulting Engineers. Овде децата се во интеракција со природата и учат во еден екосистем кој се менува со времето – и во текот на денот и во текот на годината.
Државното училиште Vrå е единствен проект кој с ефокусира на игра, учење и развој на децата, но обезбедува и широк спектар на содржини и за сите жители на градот. Покрај училниците и тематските простории, училиштето вклучува и библиотека, спортска сала и простор за активности на отворено.
Сите објекти се проектирани со цел да бидат во блиска интеракција со живописното опкружување. Она што е единствено за овој проект е токму во фактот што го комбинира учењето и околината. Се базира на желбата за создавање на комплетно одржлив екосистем за учење и игра, односно т.н Learning Forest.
Поврзани артикли