Шетањето по Месечината е работа за астронаутите, но тоа не е причина и ние на Земјата да не го доживееме тоа. Музејот на Месечината е на турнеја по Европа.

Меселевиот музеј е уметничка инсталација која ја направи британскиот уметник Лук Џерам. Скулптура со големина од седум метри им дозволува на посетителите да ги видат сликите од вистинската Месечина со кои е облепена скулптурата.

Дека таа веродостојно ја имитира вистинската Месечина потврди и НАСА. Во размер 1:500.000 значи дека секој сантиметар претставува пет километри на вистинската Месечина.

Како Месечината што ротира околу Земјата ни Месечевиот музеј не е стациониран на едно место, туку патува по светот. Летото го помина во Кина, а на есен се враќа во Европа каде ќе помине низ Велика Британија, Франција, Холандија, Германија и Финска во периодот од септември до ноември. Потоа оди за Мелбурн каде ќе остане до 2019 година. Ако сакате да видите како изгледа погледнете го видеото.