Истражувачи од Универзитетот „Витс“ во Јоханесбург, Јужна Африка, направиле огромен чекор напред во полето на биомедицинскиот инженеринг. Првпат тие пронашле начин за поврзување на човечкиот мозок со интернетот во реално време. Овој процес е наречен „Брејнтернет“.
Проектот функционира на тој начин што „EEG“ сигналите од мозочните бранови ги регистрира специјализиран уред кој е приклучен за главата на корисникот. Сигналите потоа се пренесени на компјутер, кој во живо ги пренесува податоците на апликација која ги програмира и покажува на отворена веб-страница, каде што секој може да ја види активноста. Постои недостиг од лесно разбирање на податоците за тоа како мозокот процесира информации, па овој проект е начин да се поедноставни тоа сфаќање. Се работи за продолжено набљудување на мозочната активност, како и овозможување одредена интеракција.
Експертите велат дека ова се само почетни можности. Нивната цел е да се креира и поголема интеракција помеѓу корисникот и неговиот мозок. Некои од функционалностите веќе се вградени на веб-страницата, но се многу малку – ограничени на стимуланси, како движење на раката. Проектот може да биде подобрен до креирање апликација за класифицирање на снимања преку паметен телефон, кој ќе обезбеди податоци за алгоритам. Во иднина можеби ќе се пренесуваат информации во двата правци – излези и влезови во мозокот.
Идни апликации што ќе бидат дел од овој проект може да водат до некои возбудливи откритија во машинското учење. Со ова подобро ќе може да се разбере како функционираат нашите мозоци и тоа знаење ќе може да се искористи за да се зголеми моќта на мозокот.
https://www.youtube.com/watch?v=RxwZClHWekQ