Samsung и Apple во првиот квартал забележале пад на испораката на паметни телефони на европскиот пазар, но и натаму се наоѓаат на првите две места на пазарот на смартфони на Стариот континент.

Оваа година на европскиот пазар во текот на првите три месеци бил забележан пад на испораката на паметни телефони – намалување на продажбата забележале лидерите на пазарот како Samsung и Apple, додека голем пораст забележале кинеските компании Huawei и Xiaomi.

Интересно, на петтото место по бројот на продадени телефони на европскиот пазар се смести подзаборавената Nokia, што е доказ дека компанијата која што ги откупи правата на овој бренд, HMD Global засега врши одлична работа.

Бројот на испораката на европскиот пазар во текот на првиот квартал од ова година е намален за 6%, а најголем пад е забележан во државите од западна Европа, речиси 14%. Во Велика Британија е забележан пад од 29,6%, 23,2% помалку паметни телефони се испорачани во Франција, додека падот во Германија изнесува 16,7%.

Сепак, од аналитичката компанија Canalys велат дека Samsung и Apple и натаму доминираат на европскиот пазар – Samsung со 15,2 милиони испорачани телефони држи 33,1% што е пад од 15%, додека Apple со испорачани 10,2 милиони телефони и пад од 5,1% држи 22,2% од пазарот на паметни телефони во Европа.

Голем раст од речиси 40% во однос на истиот период минатата година бележи Huawei – кинеската компанија испорачала 7,4 милиони телефони и држи 16,1% од пазарот, додека најголем раст (повеќе од илјада проценти) оствари Xiaomi – во првите три месеци од оваа година, кинеската компанија испорачала 2,4 милиони телефони и моментално има удел од нешто повеќе од 5% на европскиот пазар.

Големо изненадување е тоа што Nokia се најде меѓу 5-те најпопуларни компании со најмногу испораки на паметни телефони во Европа, со оглед на тоа што HMD Global минатата година ги претстави своите први модели.

Извор: Zimo.hr