Иако iPhone X има возбудливи нови можности, постојат доволно добри причини за вашата доверба првенствено да и’ ја укажете на “Осумката” или 8 Plus, којашто (не)заслужено се најде токму во неговата сенка.
Освен што новиот iPhone X има пеколна цена (од 1.000 до 1.150 долари и тоа во САД), постојат уште неколку причини за свој следен телефон да не ја изберете “Десетката”, туку токму “скромниот” наследник на iPhone 7. А еве и неколку:
Избегнете го непотребниот засек на врвот
Бидејќи полека се сумираат впечатоците од претставувањето на iPhone X, многумина го увидеа огромниот недостаток кај овој телефон. Всушност тимот на Apple сакајќи да извлече максимална дијагонала на екранот буквално до самиот раб на куќиштето, оставен е засек за слушалката на врвот на телефонот, којшто буквално ќе сече парче од секој оној видео запис којшто ќе го гледате на новиот iPhone X.
Сакате да употребувате Touch ID за отклучување
Touch ID сепак не е дел од iPhone X, бидејќи тука е заменет со Face ID, унапреден систем за препознавање на лицето на корисникот. Меѓутоа, старото добро вчитување на отпечатокот од прстот и понатаму може да се користи кај моделите iPhone 8 и iPhone 8 Plus, ако сте веќе навикнати на таквиот начин на идентификација.
iPhone 8 и iPhone 8 Plus се во најмала рака барем за 300 евра поевтини од “Десетката”. A ако тоа не е доволно добра причина, имајте предвид дека “Осмицата” исто така нуди многу новитети, слични какви што носи и моделот iPhone X, вклучувајќи го тука и бежичното полнење како и А11 чипот.
Почекајте додека Apple да се снајде
Ова е сепак прв обид на компанијата да направи edge-to-edge дисплеј. Нема сомнежи дека “детските болести” од коишто пати iPhone X ќе бидат излечени во следните години, но е јасно дека место за напредок и тоа како има. Токму затоа можеби во овој момент е најдобро првично да си ја набавите “Осумката” додека тие недостатоци не бидат решени.
Извор: B92.net