Корисниците на YouTube со помош на нови опции  и алатки, едноставни за користење, ќе можат да го ограничат времето на гледање видеа на сервисот.

Новите алатки би требало да станат глобално достапни до крајот на неделата. Алатките се состојат од колекција на статистички податоци за тоа колку време сте минале гледајќи видео снимки на YouTube Music и на YouTube TV. Ќе има и неколку дополнителни опции со чија помош ќе може да ги одредите известувањата кои сакате да ги примате од видеосервисот, како и можност за поставување на ограничено гледање.

Статистичките податоци се поделени на гледање во текот на денешниот и вчерашниот ден и изминатата недела, а содржат неделен просек. Се засноваат на тоа што може да се пронајде во вашата историја на прегледи. Ако ја избришете или не ја вклучите опцијата, податоците нема да бидат прецизни.

За да дојдете до статистичките податоци од вашиот мобилен телефон доволно е да отворите YouTube и потоа да кликнете на својот профил во горниот десен агол за да го отворите менито. Одберете ја опцијата Time watched и ќе го добиете одговорот.

Кога станува збор за десктоп компјутерите, изгледа дека Google се уште не го надградил веб-интерфејсот за YouTube да ја поддржува новата функција.

Извор: B92.net