Модерната физика до сега има откриено 16 состојби на мраз, а сега е на дофат на докажување на порозен мраз во облик на гел, со многу ниска релативна маса.
Во мразот кој го познаваме како „нормален”, молекулите на водата при спуштањето на температурата во еден момент се организираат во цврста хексагонална кристална структура. Евентуално во кубна структура доколку се такви условите на температурата и притисокот во горните делови на атмосферата.
Ова се двата единствени облици на мраз кои се јавуваат во природата на Земјата. Тогаш, од каде идејата дека би можеле да постојат поинакви видови на мраз?
Доколку мразот би се смрзнувал на притисоци поголеми од тие во природата, неговата кристална структура би била погуста отколку кај нормалниот мраз. Доколку водата би се смрзнувала на пониски притисоци, доаѓаме до поретки структури. Од таму и разликата помеѓу кубната и хексагоналната структура.
На крај, структурата може да стане толку ретка, што повеќе наликува на воздух, отколку на цврста состојба. До сега се познати два вида мраз со мала густина. Фулерените се со густина 80% од обичниот мраз, а заолитскиот мраз е помеѓу 50 и 90 отсто и потсетува на минералната структура на зеолитот.
Покрај ова, има уште 14 видови кои се погусти од коцките мраз кои ги имаме во замрзнувачот.