На Меѓународната вселенска станица, која функционира благодарение на соработката меѓу САД и Русија, засега не влијаат екстремните тензии меѓу двете земји поради руската инвазија на Украина, соопшти американската вселенска агенција NASA.

Но, агенцијата наведе дека работат на решение без помош од Русија.

„Засега работиме мирно во вселената. Немаме индикации, на оперативно ниво, дека нашите колеги не се посветени на продолжување на тековните операции на Меѓународната вселенска станица“, наведе NASA и додаде дека американските и руските тимови комуницираат меѓусебно.

Русија е од големо значење за правилното функционирање на Станицата, бидејќи се користат руски вселенски бродови. Но, руската вселенска агенција Роскосмос во текот на изминатиот викенд соопшти дека агенцијата би можела, поради санкциите на Русија, да ги запре лансирањата од вселенската база во Француска Гвинеја.

Извор: CDM.me