Редок син дијамант кој во изминатите 300 година престојуваше во европските кралски куќи е продаден на аукција во Женева за 6,7 милиони долари.

Елизабет Фарнс, ќерка на војводата од Парма го доби дијамантот “Фарнс блу” во 1715. година кога се мажеше за шпанскиот крал Филип Петти, наведува BBC.

Дијамантот потоа одеше “од колено на колено” од Шпанија во Франција, Италија и Австрија.

Скапоцениот камен има 6,1 карати и доаѓа од легендарниот рудник на дијаманти Голконда во Индија.

Продаден е само четири минути откако беше понуден на аукција и лесно ја надмина проценетаа цена од 3,5 милиони долари.

“Очекувавме добар резултат, но тргнавме од 3,5 милиони и завршивме на 6,7 милиони, така што ги надминавме нашите очекувања”, изјави Даниела Мачети, експерт на аукциската куќа Сотесби.

Според нејзините зборови, дијамантите како овој, кои се високо квалитетни и имаат историја, одлично поминуваат на аукциите.

На сајтот на Сотесби се наведува дека овој дијамант некогаш бил дел од тијарата на француската кралица Марија Антоанета.

https://www.facebook.com/breakingnnews/posts/2395943360431043