Градоначалникот на Тирана, објави дека од оваа есен во јавниот превоз на градот ќе започне тестирање на електрични автобуси. Инаку, Албанија се смета меѓу земјите со солидна одржливост во Европа, кога станува збор за животната средина, имајќи во предвид дека најголем дел од нејзиното производство на електрична енергија потекнува од хидроцентрали. Во настојувањата за подобар квалитет на воздухот во градовите, неодамна, земјата воведе комплетно нова флота на електрични возила за својата полиција, со што е прв ваков пример во регионот и меѓу петте во Европа.
Но, уште еден позитивен чекор кон позелена иднина е воведувањето на електрични автобуси. Се работи за тестирање на возила од полско производство од марката „Соларис“. Со оглед на фактот дека сеуште имплементација на овие автобуси е поскапа од дизел автобусите, градските власти се одлучиле за пробен период по кој ќе се дефинираат видот и висината на субвенции за овој тип на превоз. Овој тип на автобуси од Полска се користат и во Франција, а неодамна ја добија и наградата „Автобус на годината 2017“.
Поврзани артикли