Viber постојано ја надградува и подобрува својата апликација, со многу практични и корисни алатки.
Корисниците ја сакаат апликацијата затоа што е многу едноставна за користење, има end-to-end
енкрипција и друго.

Еве што е ново со последната надградба на Viber:

– Администраторите на групите ќе може да пинуваат важни пораки од горната страна на групните
четови;
– Може да се пребаруваат екстензии за подобрување на четот, со цел да биде полесно за наоѓање на
видео, музика, гифови, и друго;
– Подобрување на перформансите и надградба за багови, со цел да добиете побрзо искуство со Viber.