Pathfinder може да детектира радио сигнали со моќноста над 1 watt. И пред да се загрижите дека би можеле да ги прислушкува разговорите преку мобилните телефони, од HawkEye 360 истакнуваат дека сигналите на телефоните се многу послаби и не допираат во вселената.

Можеби звучи како содржина од некој научно-фантастичен филм или роман, но планот на SpaceX во вселената да испрати флота сателити кои би фаќале пирати, шверцери и дилери е многу реален.

Ако се помине според планот, на 19. ноември, кога компанијата на Маск ќе ја испрати во вселената следната ракета Falcon, во реализација ќе тргне токму мисијата на SSO.

Иако SpaceX не е автор на мисијата, туку тоа веќе го одработи компанијата Spaceflight Industries, токму лансирањето на ракетата Falcon 9 е пресудно за почетокот на мисијата.

Најважниот дел се вика Pathfinder и се работи за три вселенски летала со големина на микробранова печка. Нивна задача ќе биде да ги испратат радио сигналите од вселената на Земјата. Стартапот HawkEye 360, кој ги смисли тие летала, разви и софтвер, заснован на вештачка интелигенција, кои ќе ги идентификува радио сигналите и ќе ги класифицира на различните бродови и летала.

Тоа би можело многу да и ја олесни работата на полицијата и на различните агенции во фаќањето на „црни бродови”, односно бродови кои поради занимавање со незаконски активности ги исклучуваат своите GPS транспордери.

Pathfinder може да детектира радио сигнали со моќноста над 1 watt. И пред да се загрижите дека би можеле да ги прислучкува разговорите преку мобилните телефони, од HawkEye 360 истакнуваат дека сигналите на телефоните се многу послаби и не допираат во вселената.

Но, во иднина, ако помине како што е планирано, HawkEye 360 планира да испрати уште по пет сетови по три сателити кои би можеле да фаќаат и послаби сигнали, како оние кои емитираат радио апарати во камионите.