LG отвори ново поглавје во V серијата. На IFA саемот во Берлин, јужнокорејската компанија го претстави моделот V30 и докажа дека OLED е најдобриот пат кон иднината, при што дисплејот и двојната камера се најмоќните адути на овој модел. Широчината на блендата на камерата изнесува f/1.9, многу поширока од онаа на V20.
Од предната страна има огромен 6-инчен OLED дисплеј, кој покрива 82% од просторот на предниот панел. Има поддршка за HDR1 0, има Always on Display, нема секундарен дисплеј, но тука е „лебдечкиот бар“ и Always on Display функционалноста.
Новиот ударен модел на LG работи на процесор Snapdragon 835, што значи дека направи скок во споредба со процесорот 821 на G6. LG V30 доаѓа со 4GB RAM меморија и 64GB/128GB меморија за податоци, која може да се прошири со картичка.
V30 располага со батерија со капацитет од 3,300mAh, технологија за брзо полнење со USBC порт и можност за безжично полнење. Металностаклениот дизајн му дава одлична естетика на телефонот, кој поседува и IP68 сертификат за водоотпорност.
V30 има и Acoustic Overload Point микрофони за снимање на видео, додека камерата овде е ѕвездата, затоа што е двојна и квалитетна. Селфи камерата на LG V30 е 5MP, додека задната изнесува 16 мегапиксели.
Поврзани артикли