Intel во текот на CES саемот го претстави сопствениот флексибилен PC концепт, кој би требало да инспирира појава на целосно нова категорија уреди. Прототипот го носи името Horseshoe Bend и се работи за прилично голем уред.

OLED дисплејот од 17,3 инчи има 4:3 однос на страници, што значи дека е приближен на традиционалните лаптопи кога ќе се расклопи. Тука е и сталак во стилот на Surface, кое овозможува користење на дисплејот во целосен обем во комбинација со безжична тастатура.

Се очекува дека најголемата примена на ваквиот лаптоп би можела да биде во сегментот на креирање содржини и олеснета употреба на корисничкиот интерфејс.

Horseshoe Bend ја користи новата 10nm Интел Tiger Lake архитектура, која се очекува кај лаптопите во текот на оваа година. Ова ќе овозможи 7 мм тенки куќишта, со 9W TDP и без активно ладење. Уредот е прикажан со стандардниот Windows 10, но Intel очекува дека во иднина претстојниот Windows 10X OS на Microsoft ќе биде добар избор за оваа категроија уреди.

Засега делува дека Intel навистина да има намера ваквиот формат на компјутери да го направи достапен на мејнстрим пазарот, а компанијата планира соработка со неколку производители, кои ќе помогнат во развојот на ваквите уреди во блиска иднина.