Најновото бета ажурирање на WhatsApp за Android конечно го имплементираше изворниот Dark mode во апликацијата. Функцијата е во развој повеќе од една година, а сега конечно пристигнува до бета тестерите.

Оние кои се во бета каналот на WhatsApp за Android би требало да ја ажурираат апликацијата за да добијат темен режим. Опцијата ќе се прикажува само во WhatsApp v2.20.13 бета или понова верзија.

За да се овозможи Dark mode, потребно е да се отвори WhatsApp, потоа Settings -> Chats. Во опцијата Display постои опција за теми, каде што е можно да се вклучи Dark mode. Тука е и опцијата темниот режим да се вклучи автоматски, во зависност од темата на системот или од тоа дали е вклучен Battery Saver режимот.

Засега WhatsApp го испорачува темниот мод само до тестерите на својата Android апликација, а можно е дека пошироката јавна достапност на функцијата да биде овозможена во следните недели.