Во текот на следните недели, Facebook ќе донесе нова надградба за News Feed на десктоп и на мобилната апликација, која ќе овозможи полесна навигација низ сервисот. Коментарите во објавите ќе изгледаат нешто поинаку – како чет облачиња – а одговорите на одредените коментари јасно ќе покажуваат дека не се коментари на главната објава.

Покрај ова, за објавата да биде полесна за читање, контрастот на бои на текстот ќе биде засилен, а тука се и поголемите линкови, као и поголеми Like, Comment и Share копчиња за полесно читање и бирање функции. Исто така, профилните фотографии ќе бидат заоблени, а не квадратни.

Главната промена која веднаш ќе може да се забележи е отстранувањето на познатата сина боја од горната лента на апликацијата во делот за коментирање и слично. Истата ќе биде заменета со поедноставна лента во бела боја, со што на корисниците ќе им биде оставен акцентот на содржината, наместо и самата лента да провлекува дополнително внимание. Ваква промена пред одреден период беше направена на Instagram апликацијата.

Покрај промената на бојата на лентата, забележлива ќе биде и промената на иконите кои се поставени на горниот дел. Тие ќе бидат со нешто поразличен дизајн, односно со поголем контраст, а исто така ќе бидат и нешто поголеми. Останатите промени вклучуваат олеснување на прегледот на линковите пред да кликнете на нив, олеснување на видливоста на кој коментар се наоѓате и на кој одговарате.