Компанијата Sono Motors, го претстави прототипот на електричниот и соларен автомобил, кој станува првиот од ваков вид кој сериски ќе се произведува. Автомобилот е опремен со интегрирани соларни ќелии, кои ги има вкупно 330. Благодарение на соларната енергија, автомобилот дневно може да помине 29 километри, додека едно полнење на батеријата овозможува минување дистанца од 161 километар.

Иако не се работи за целосно соларен автомобил, тој е барем на половина пат до таа цел. Се работи за идеја на тојца млади стручњаци од Минхен, а компанијата  Sono Motors основана е мината година благодарение на средствата собрани преку сервисот Indiegogo. На овој начин се собрани над 600.000 евра, а компанијата веќе има 1.100 нарачки за автомобилот.

Првобитно е планирано Sion да биде понуден во две верзии: моделот Urban чини 12.000 евра и има батерија со домет од 80 до 100 километри, додека моделот Extender чини 16.000 евра и домет од околу 193 километри. Но, неодамна донесена е одлука во производство да влезе само моделот Extender поради поголемиот домет и поголемата побарувачка за него од страна на клиентите.