Samsung отсекогаш малку доцни со продажбата на смартфоните од високата класа, особено споредено со датумот кога се претставени. Така најверојатно ќе биде и со Galaxy Note 8, кој според информациите ќе биде претставен на 23 август, но нема да почне со продажба се до 15 септември и тоа во Јужна Кореја.
Новата информација протече од мобилен оператор што има договор со Samsung за продажба на новиот премиум фаблет. Како и да е, Samsung во секој случај ќе го лансира телефонот пред iPhone 8. Note 8 ќе има сличен дизајн како Galaxy S8 и S8+, но со помалку заоблени агли на рабовите.
Очекувајте супер моќни спецификации, како Snapdragon 835, но за жал Note 8 нема да донесе егзотични новитети, како читач за отпечатоци на прстите вграден под дисплејот. Наместо тоа, тој ќе биде вграден до камерата, која пак ќе биде двојна, што е пионерски потег за Samsung во високата класа.
Поврзани артикли