Американските астрономи открија гигантска бура на површината на Нептун, внатре во која може да се помести целата планета Земја.

Научниците од Универзитетот Беркли во Калифорнија во моментов не можат да го објаснат нејзиното потекло.

“Изненадени сме од откривањето на толку силна и голема бура. Регионот на екваторот на Нептун е многу мирен, поради оваа причина регистрирањето на гигант ураган таму е толку интересно од научна гледна точка “, изјави астрономот Нед Малтер кој е првиот откривач.

До неодамна се сметаше дека ураганите се “визит-карта” на првата планета гигант од Сончевиот систем – Јупитер. Во 80-тите години на минатиот век како резултат на истражувањата направени со помош на сондата “Војаџер”, стана јасно дека слични природни феномени можат да се набљудуваат и на осмата планета – Нептун.