Ново истражување за начинот на кој пчелите ги перципираат боите може да помогне во развивање на подобри дигитални камери чии слики ќе изгледаат поприродни отколку која било друга камера досега.

Истражувачите откриле дека пчелите користат два рецептори за бои во нивните очели (трите екстра очи на врвот на главата) со кои ја проценуваат бојата на амбиенталната светлина, во комбинација со двете „главни“ очи кои подиректно ги детектираат боите на цветовите.

Физиката сугерира дека очелите кои ја насетуваат бојата на светлината би му овозможиле на мозокот да не ја земе в предвид природно обоената осветленост која инаку би создала конфузна перцепција на боите – но за ова да е точно, информацијата од очелите би морала да биде интегрирана со боите кои ги гледаат „главните“ очи.

Во минатото се сметало дека пчелите користат некој вид на хроматска адаптација, како луѓето, за да прават корекции на постојаноста на боите – слично на прилагодувањето на балансот на белата боја на фотографиите, за да истите се коригираат за амбиенталното осветлување.

Oна што новото истражување го сугерира е дека пчелите прават нешто сосема различно: следејќи ја невралната активност која доаѓала од очелите, научниците откриле дека информациите од нив биле пренесувани до клучните области за процесирање на боите во мозокот на пчелите.