NASA ја „пензионираа“ спејс шатл програмата во 2011, но тоа не значи дека сè уште не се подготвуваат да испратат астронаути во Вселената.

Тие скоро го објавија распоредот за 2018 за нивната програма на летови со комерцијален екипаж, дизајнирана да и овозможи на агенцијата да лансира летало со екипаж со помош на Dragon 2 на Space X  и CST-100 Starliner-от на Boeing.

И двете компании велат дека тест летовите можеби ќе бидат направени за помалку од една година.

И на Space X и Boeing им се доделени CCtCap договори од NASA со кои им се овозможува и одобрува способноста за транспортирање на комерцијален екипаж на нивните летови, а како дел од договорот се и тестови на летовите без екипаж.

Space X имаат закажано тест без екипаж за февруари 2018, а со екипаж во јуни 2018. Тука некаде се и Boeing, со тестови во јуни и август 2018.

Кирк Ширеман, програм менаџерот на ISS (Интернационалната вселенска станица) на NASA, вели дека е сигурен дека двете компании ќе успеат да однесат астронаути во Вселената.

Важноста на оваа трка за комерцијални вселенски летови е огромна, бидејќи компаниите како Space X и Boeing можат да го променат лицето на комерцијалните вселенски патувања и истражувањата поврзани со нив, и да бидат пионери во процесот на „селењето“ на човечката раса надвор од нашата планета.