Од „Facebook“ објавија дека ја купиле „стартап“ компанијата „Ozlo“ која може да се пофали со виртуелениот асистент за „Android“ и „iOS“. Детали околу условите на договорот не беа обелоденети.

Продуктот на „Ozlo“ беше пуштен минатата година и е достапен за надворешни апликации, вклучувајќи го „Google Allo“ на „Alphabet“, „Messenger“ на „Facebook“ и „Skype“ на „Microsoft“.

„Ozlo“ може да им обезбеди на корисниците рецепти, да ги насочува кон ресторани кои се наоѓаат во близина и да им ја покажува програмата на театрите, како и многу други нешта. Апликацијата сепак не стекна голема популарност. Таа е инсталирана на едвај 500-1.000 уреди со „Android“.

Повеќето крајни корисници на „Messenger“ сега можат да разговараат со многу „чатботови“ во апликацијата, а „Facebook“ сака да генерира уште повеќе приходи, така што ќе ја користи технологијата за да разговара со клиенти.

Поголем дел од екипата на „Ozlo“ која брои 29 вработени, според „LinkedIn“, се приклучува на „Facebook“, како сите тие ќе работат во „Messenger“ групата на социјалната мрежа, изјавил портпаролот на „Facebook“ за „CNBC“. Другите апликации и производи на „стартап“ компанијата, пак, ќе бидат запрени.