Заводот за статистика на Европската унија, Евростат, објави податоци за покриеноста со брз интернет на Стариот континент. Меѓу другото, објавени се податоци за десетте земји со најдобра покриеност.

Рангирањето на десетте земји со најдобра интернет покриеност е следна:

Малта, каде што сите домаќинства имаат брз интернет;

Луксембург, каде што 96 отсто од домаќинствата имаат брз интернет;

Данска, каде што 95 отсто од домаќинствата имаат брз интернет;

Шпанија, каде што 94 проценти од домаќинствата имаат брз интернет;

Латвија, каде што 91 процент од домаќинствата имаат брз интернет;

Холандија, каде што исто така 91 процент од домаќинствата имаат брз интернет;

Португалија, каде исто така 91 процент од домаќинствата имаат брз интернет;

Ирска, каде што 89 отсто од домаќинствата имаат брз интернет;

Исланд, каде што исто така 89 отсто од домаќинствата имаат брз интернет;

Романија, каде што 87 отсто од домаќинствата имаат брз интернет.

Во текот на минатата година, 70 отсто од домаќинствата во ЕУ имаа покриеност со голема брзина на Интернет. Ова е значително зголемување од 2013 година, кога изнесуваше само 16 проценти. Целта на Унијата е до 2030 година сите домаќинства да имаат брз интернет и покриеност со 5G мрежа.