Доколку ова лето барате нешто корисно со малку технологија, можеби ќе ви се допадне термос шишето Aquio, за кое тврдат дека ќе ви ги држи пијалаците ладни до 24 часа, односно топли до 14 часа. За да додадат дополнителна вредност, инженерите од американската компанија iHome на термосот додале Bluetooth звучник со јачина од 5W RMS и микрофон, што значи дека термосот можете да го користите и за одговарање на повици од смартфонот.

Помеѓу поинтересните функции на шишето можеме да додадеме дека Aquio има и IP67 сертификат за водоотпорност и отпорност на прав, а звучникот е модуларен, што значи дека можете да го одвоите ако сакате да го користите Aquio само за пијалаци.

Термос гаџетот деновиве треба да почне да се продава преку официјалната веб страница на Aquio по цена од 69,99 долари.

Извор: Vidi.hr