Светскиот економски форум остварил соработка со директорите на „Scientific American“ за да направи листа на 10 најдобри и најуспешни технологии за оваа година. Во оваа листа спаѓаат:

10. Квантен компјутер

Обичните компјутери се бинарни. Квантните компјутери се уникатни затоа што користат нешто што се нарекува суперпозиција. Имаат поголема моќ, побрз перформанс и користат многу помалку енергија. Тие се дел од новата ера на компјутери.

9. Одржливи заедници

Технологии кои го намалуваат трошењето на енергија и вода и го менуваат животот на луѓето ширум светот.

8. Геномски вакцини

Повеќето вакцини користат мртов или ослабен патоген за да го адаптираат имунолошкиот систем на него. Со геномските вакцини, днК се инјектира во клетките, со што се произведува посакуваниот протеин за да се помогне во тренирањето на имунолошкиот систем за елиминирање на селектираниот патоген. Лесни се и брзо се произведуваат. До сега се произведени десетина, а се планира да се произведуваат уште повеќе.

7. Електрични возила

Немаат штетни емисии на гасови и се почесто се произведуваат и продаваат. Не и наштетуваат на животната средина, што е одлично земајќи го предвид фактот дека планетата се бори со огромно загадување.

6. Прецизно земјоделство

Се очекува светката популација до 2050 година да достигне бројка од 9 милијарди. Тоа се многу усти за ранење. За среќа, нови технологии се употребуваат во земјоделството, па со нив се намалува користењето на вода и хемиски материи, а се зголемува производството. Роботика, сензори и многу други опции за одгледување на култури.

6. Атлас на човекови клетки

Во моментов не го знаеме секој тип на клетка во нашите тела. Но, тоа ќе се смени. Атласот на човекови клетки е проект кој има водич за секој различен тип на клетка, нејзините протеини и генетика. Сега дури се испитува и како клетките стапуваат во меѓусебна интеракција.

4. Фотосинтеза преку вештачка интелигенција

Денес, со наука може да се поделат молекулите на водата во делови, да се користи катализа активирана од Сончева светлина.

3. Длабоко учење

Елон Маск предупреди дека вештачката интелигенција е една од најголемите закани за човекот. Другите експерти, пак, сметаат дека длабокото учење наскоро ќе го користат идните генерации за медицински дијагнози, за подобрување на земјоделието и многу други работи кои ќе бидат од корист за човештвото.

2. Собирање вода од воздух

Научниците сега успеваат преку користење на порозни кристали да собираат водена пареа од воздухот и да ги претворат во чиста, свежа вода. Во целиот процес не се користи енергија.

1. Ликвидни биопсии

За одредување дијагноза, особено канцер, се користи биопсијата како метода. Но,  е скапа и со себе носи ризици. Ликвидните биопсии се попрецизни и користат технологија за генетско скенирање, па пронаоѓаат траги од канцер во крвта. Се што е потребно е обично проверување на крвта.

ИЗВОР: Факултети.мк