Бил Гејтс разговараше на Twitter со професорот Деви Сридар за состојбата со коронавирус.

Во серија од повеќе твитови, тој рече дека можеби ќе треба да се вакцинираме секоја година, но и дека короната наскоро би можело да се третира како „сезонски грип“.

Професорот Сридар од Универзитетот во Единбург испрати низа прашања на Twitter до Бил Гејтс. Прашања беа испратени и од нејзините следбеници.

Гејтс вели дека омикрон е предизвик за здравствените системи ширум светот и дека најтешките случаи на инфекција ќе бидат невакцинираните.

„Сепак, штом омикрон ќе помине низ некоја земја, случаите ќе исчезнат и ковидот ќе може да се третира како сезонски грип“, рече Гејтс, додавајќи дека омикрон ќе создаде добар имунитет најмалку следната година и тешко дека ќе дојде до позаразен вид на коронавирусот. Сепак, рече тој, не можеме да бидеме сигурни во тоа.

Гејтс ги коментираше актуелните проблеми со вакцините против COVID-19, велејќи дека иако тие ги спречуваат тешките последици од коронавирусот, па дури и смртноста, има две важни работи на кои треба да се работи.

Она што се случува сега е дека дури и целосно вакцинираните луѓе повторно се заразуваат со нови и посилни варијанти на вирусот што се појавуваат, а времетраењето е сè уште многу ограничено.

Идните вакцини сега треба да спречат повторна инфекција и да обезбедат долгорочен имунитет.

Серијата твитови можете да ја прочитате подолу.