Apple можеби ќе проба да ги купи сите OLED панели кои се моментно достапни, но компанијата за следната година има нешто целосно поинакво на ум. Компанијата купила CMD (chemical vapor deposition) машини, за на време да почне со сопствено производство на 2.5G OLED дисплеи за iPhone за следната година.
Според наводите на изворот, Apple пробува да се ослободи од зависноста на OLED екраните на Samsung, како и да го го поремети монополот на компанијата Canon Tokki, водечкиот снабдувач на CVD машини. Samsung моментно произведува OLED панели за Xiaomi i Google, но Apple засега се држеше понастрана од дисплеите на оваа компанија.
Овој потег е уште еден чекор напред за компанијата во процесот на креирање на смартфон што е целосно изработен во фабриките на Apple. Извештаите од претходно сугерираат дека Apple веќе работи на сопствен процесор и нов графички чип.
Поврзани артикли