Инженерите од компанијата Ten Fold Engineering, дизајнираа монтажна куќа која сама се склопува за осум минути по едноставно притискање на само едно копче. Се работи за само еден од многуте монтажни објекти кои ги дизајнира оваа компанија.

Модуларните компоненти овозможуваат објектот да биде повеќенаменски односно лесно да се склопи и расклопи во куќа, училиште, продавница, хотел или канцеларија.

Објектот поседува и соларни панели со цел да биде независен од енергетската мрежа, така што може да се поставу буквално на секоја локација.