HP Pavilion серијата лаптопи тукушто доби нов член, под името Pavilion Power. Лаптопот има складно куќиште, солидна цена и спецификации. Сите Power модели се веќе достапни, со почетна цена од 950 долари.
На купувачите им се на располагање Core i5-7300HQ и Core i7-7700HQ процесори и графичка картичка на Nvidia со 2 или 4 GB VRAM. Двата процесора се четиријадрени со тоа што Core i5 има брзина од 2,5 GHz, а Core i7 од 2,8 GHz.
Кога се во прашање екраните, купувачите можат да бираат помеѓу три 15,6-инчни IPS екрани од кои два имаат FHD, а еден 4K резолуција. Што се однесува до работната меморија, HP нуди три различни конфигурации – со 8 GB, 12 GB и 16 GB DDR4 RAM (@2.400 MHz).
Купувачите можат да бираат помеѓу два хард диска со капацитет од 1 TB и 2 TB, и помеѓу два NVMe M.2 SSD со капацитет од 128 GB и 256 GB. Pavilion Power лаптопите стандардно доаѓаат со тастатури со заднинско осветлување, во бела и зелена боја.
Подетални спецификации се достапни на официјалните интернет страници на производителот.