Застарените податоци на корисничките сметки можат да имаат многу незгодни последици – на вашите податоци може да му пристапи било кој, а доколку посака, може и да ви го блокира пристапот.

Дупката во склоп на опцијата на Facebook за враќање на корисничката сметка му дозволува на било кој да ви го преземе профилот – и тоа без да забележите. Доколку сакаат, можат пристапот до сметката целосно да ви ја блокираат.

Како што известува Independent, 18-годишниот Џејмс Мартиндејл до ова откритие дојде кога новата SIM картичка ја уфрли во мобилниот. Како што раскажа, набрзо му стигнала порака дека на својот Facebook профил долго не бил активен. Но, новиот број Мартиндејл не го врза за својата корисничка сметка на оваа социјална мрежа.

Застарени податоци

Откако неколку пати ја внел погрешната лозинка, понудена му е опција на враќање на корисничките податоци преку порака. Откако тоа го направи, доби лозинка за пристап во туѓа сметка и целокупната негова содржина.

Постојат ситуации кога телефонските броеви ќе истечат и ќе му бидат доделени на некому друг. Во случај тој број да останал поврзан со Facebook сметката, лицето кое сега го има бројот може да го преземе и профилот. Но, не се работи за грешка“, порачаа од Facebook.

За несреќа, тука е едноставното решение на проблемот – сите застарени контакт податоци, вклучувајќи ги и броевите и мејл адресите, избришете ги што побрзо од својата сметка.