Безбедносен робот, производ на компанијата Knightscop, падна во фонтана во комплексот во Вашингтон, Georgetown Waterfront, објави Independent.

Роботот го забележале случајните минувачи и нивните фотографии станаа хит на интернет, посебно оние на персоналот од трговскиот центар додека размислуваат како да го извлечат од водата.

Knightscop  роботот е во состојба да ја разбере својата животна околина и да процени кога се случува нешто лошо по пат на комбинација на микрофон, други сензори. Се очекува во иднина дека ќе може да открива оружје и ќе добие вештачка интелигенција.

Кога роботот ќе открие неправилност, тој прави врева која треба да ги одврати криминалците и другите од правење проблеми.

Изнајмување на робот од компанијата Најтскоуп  чини седум долари на час.