Honor ќе го лансира својот прв паметен часовник во Европа, кој ќе се поклопи со лансирањето на својот водечки телефон, “Honor Viev 20”.

Двете големини имаат 1,2-инчен AMOLED екран осетлив на допир со резолуција 390×390 (326 ppi), како и GPS следење, девет различни режими за следење на фитнес, отпорност на вода до 50 метри, известувања за телефонот, следење на отчукување на срцето, следење на спиењето и следење на крвиот притисок, користејќи она што Honor го нарекува HRV (варијабилност на срцевиот ритам).
Покрај се, Honor тврди дека нивниот смартчасовник може да трае една недела на цело полнење, со вклучено 24 часовно следење на отчукувањето на срцето. Компанијата оди толку далеку што вели дека нивната паметна сатница ќе трае еден цел ден при употреба со само 10 минути полнење.
Часовникот на Honor се продава за 179 евра, почнувајќи од 23. јаануари во Франција, Велика Британија, Германија, Италија и Шпанија, по што ќе следуваат Русија и другите земји.