Експертката за сајбер-безбедност Лиeн Галовеј открила исклучително големи пропусти во врска со алатката која им овозможувала на луѓето да ги „оживеат“ своите стари профили на My Space.
Пропустите се толку сериозни, што кој било може лесно да пристапи до личните податоци на секој поранешен корисник на My Space и да ја загрози неговата приватност, предупредува Галовеј.
Популарноста на My Space почна да опаѓа пред 10 години, кога на сцена стапија новите социјални мрежи Facebook и Twitter, но мнозинството поранешни корисници на My Space не ги избришале своите профили на оваа мрежа.
Со оглед на тоа што повеќето луѓе не се сеќаваат на своите поранешни електронски пошти, кориснички имиња и лозинки, My Spaceим овозможи лесен начин за „оживување“ на профилот, кој не вклучува внесување на овие податоци.
My Space од вас бара да го внесете само името, корисничкото име и датумот на раѓање. Но првите два вида податоци може секој да ги пронајде со едноставно пребарување на Гугл. Корисничкото име се наоѓа во УРЛ-адресата на профилот, а името на профилната страница“, наведува Галовеј.
„Најтешко е да стигнете до датумот на раѓање, но не е невозможно. Голем број луѓе секако ги внеле овие податоци на профилите на Фејсбук или Твитер. Значи, потребни се само три податоци за некој да ја преземе контролата над вашиот профил и да ги злоупотреби личните податоци“, додава експертката.
Најдобриот совет би бил итно да го избришете вашиот профил на My Space, доколку сѐ уште е активен.
Галовеј се обратила во My Space во април оваа година, но од компанијата добила само автоматска порака.
Ова не е првпат да е загрозена безбедноста на поранешните корисници на My Space. Компанијата во 2013 година соопштила дека хакерите успеале да компромитираат 360 милиони профили на таа социјална мрежа.